Скопје, 14. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Владата на вчерашната седница предложи кризната состојба во Македонија да биде продолжена до 31-ви декември.
– На предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, на денешната седница Владата ја утврди Предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на територијата на Република Македонија, со која се предлага на Собранието на Република Македонија да одобри продолжување на рокот за постоење на кризна состојба до 31-ви декември 2021 година и донесе заклучок оваа предлог одлука да ја достави до Собранието, стои во владиниот извештај од вчерашната седница. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 42