Охриѓанецот Георги Ставрески освои второ место на државниот натпревар по биологија
Охрид, 13. мај 2015 (ОХРИДПРЕС) – Ученикот Георги Ставрески од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид на државниот натпревар по биологија што се одржа викендов на Природно математичкиот факултет во Скопје го освои второто место, во конкуренција од 41 учесник од втора година.
Учениците своето место на државниот натпревар го заслужија откако беа први на регионалните натпревари. На крајот најдобрите биолози од сите региони ширум Република Македонија зедоа учество на Државниот натпревар по биологија.
Претходно на општинскиот, односно регионалниот натпревар по биологија што се оддржуваа во охридската гимназија, Георги го освои првото место во соодветната категорија на ученици од втора година од Охрид и регионот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |