Остануваат на сила мерките за зголемена безбедност околу охридската Полициска станица
Охрид, 14. мај 2015 (ОХРИДПРЕС) – Остануваат на сила мерките за зголемена безбедност околу охридската Полициска станица, воведени по немилите настани во Куманово минатиот викенд.
Зголемените мерки за безбедност доаѓаат откако неодамна се случи вооружен инцидент во кумановската „Дива населба“, каде по 20-тина часа непрекинати престрелки, полицијата успеа да ја разбие вооружената терористичка група.
Во акцијата загинаа осум припадници на полициските сили, а беа повредени неколку десетици полицајци (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |