Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Се подготвува проект за конзервација на величествениот фрескоживопис на црквата Света Софија

Скопје/Охрид, 18. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Издвоивме средства за изработка на елеборат за ревалоризација на црквата Света Софија во Охрид и изработка на проект за конзервација на нејзиниот величествен фрескоживопис, изјави министерката за култура во Владата на Република Македонија Ирена Стефоска.

Денеска се одбележува Светскиот ден на споменици и локалитети кои годинава се фокусирани на темата „Комплексно минато – разновидна иднина”.

Црквата Света Софија е посветена на Христос како Божествена Премудрост т.е. Св. Софија. Оваа црква представува еден од најзначајните знаменитости во Република Македонија со нејзината средновековна архитектура и фрески и една од најголемите средновековни цркви на овие простори. Во еден долг временски период таа била соборна црква на Охридската архиепископија, која својата црковна власт ја протегала на територијата на север од Дунав, до албанските брегови на запад и до Солунскиот Залив на исток.

Покрај нејзиното значење како знаменитост, внатрешноста на црквата и нејзиниот двор и колонада претставуваат важно место за одржување на културни збиднувања како концерти и драмски претстави. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука