Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Охриѓанец наседнал на измама дека добил наследство, па уплатил 4.530 евра за да му го префрлат

Охрид, 20. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 19-ти април 2021 година, 53-годишен жител на Охрид пријавил во СВР Охрид измама сторена на први март 2021 година на социјалната мрежа Facebook.

– Според пријавеното, преку порака што ја добил од друг Facebook профил, бил известен дека е добитник на наследство, поради што треба да стапи во контакт со адвокат од Франција. Притоа добил информација дека како примател на наследството треба да уплати парични средства за да истото, му биде префрлено на неговата трансакциска сметка, информираат од СВР Охрид.

Тој, во неколку наврати лично уплатил вкупно 3.730 евра како и 800 евра што ги уплатил негов пријател. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука