Избор Локална самоуправа Спорт

Општината финансиски ќе ги поддржи подготовките за Олимпијада на атлетичарот Јован Стојоски

Охрид, 22. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид финансиски ќе го поддржи атлетичарот на АК „Охрид“ Јован Стојоски кој е најсериозен кандидат да ја претставува Македонија на Олимписки игри во Токио.

Стојоски вчера оствари средба со претседателката на Советот, Живка Ангелоска при што му беше ветена поддршка во неговите подготовки, за што поуспешен настап на најголемата светска спортска манифестација.

Јован Стојоски е државен првак и рекордер во пет дисциплини и е стипендист на Македонскиот Олимписки Комитет. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука