ЕКОЛОГИЈА Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Со завршни активности од проектот „Поттикнување на демократска клима во училиштето“, ООУ „Ванчо Николески“ го одбележа Денот на планетата Земја

Охрид, 23. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на проектот „Поттикнување на демократска клима во училиштето“, ООУ „Ванчо Николески“ на 22-ри април реализираше отворен ден за граѓанско образование, како завршна активност од сите досегашни акции реализирани во рамки на овој проект оваа учебна година.

Од самиот почеток на учебната година во овој проект беа вклучени ученици од VIII и IX одделение, како и одговорен наставник по граѓанско образование, стручни соработници и останати заинтересирани наставници.

– Целта беше иницијатива за промена на граѓанската свест, а нашите ученици избраа тоа да бидат активности за разубавување на животната средина и за поттикнување на еколошката свест кај населението. Поради тоа обединети под ученичка иницијатива „Чист, уреден и ЕКО двор“, во текот на изминатите месеци беа преземени низа активности:

• Реализирани беа неколку ЕКО работилници за уредување на училишните дворови во централното и подрачните училишта, чистење на истите, засадување садници и цвеќиња, поставување куќарка за птици, поставување канти за отпадоци и фарбање на оградата во училишниот двор во Лескоец.
• Промовирани беа ЕКО маички со еко пароли, изработени беа цртежи и паноа со еколошки пораки во холовите на училиштата, како потсетник како треба да се однесуваме кон природата, училиштето и училишниот двор.
• Распишан беше ликовен и литературен конкурс на тема „Немаме резервна планета“.
• Спроведено беше истражување за значењето на инсектите за планетата Земја, изработени беа и поставени два иновативни хотели за инсекти во Лескоец и Косел.
• Спроведено беше истражување и акција за селектиран отпад, како и пренаменување на училишните канти за таа цел, информираат од училиштето.

No photo description available.

May be an image of 3 people, people standing, outdoors and tree

May be an image of 1 person, standing and indoor

На отворениот ден за граѓанско образование кој не случајно беше на Светскиот ден за заштита на планетата Земја, а со почитување на мерките за заштита од COVID-19, се направи презентација пред присутните ученици и вработени за сите досегашни активности во рамки на овој проект, беше уредена изложба од трудовите на учениците, а посебно внимание и акцент се стави на иновативните хотели за инсекти.

No photo description available.

May be an image of 4 people, child, people standing, flower and outdoors

May be an image of one or more people, people standing, park and tree

May be an image of child, standing and outdoors

May be an image of one or more people, people standing, outdoors and tree

– Учениците учествуваа на свеченото поставување на хотелот за инсекти во училишниот двор во Лескоец, а учениците од еколошката секција се вклучија во иницијатива за селектирање на отпад, при што училишни канти беа пренаменети за таа намена. Со присутните ученици се изведе и работилница на флип-чарт табла, каде учениците оставаа пораки за грижа на планетата Земја, спомнувајќи си за нејзиниот роденден. Преку сите овие активности учениците и вработените од ова училиште јасно кажаа „ДА, за планетата Земја!“ и испратија порака дека „немаме друга планета, па затоа да ја зачуваме оваа“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука