Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

„Гладијаторите“ денеска дома го пречекуваат Бутел

Охрид, 24. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Ракометарите на Охрид денес ги продолжуваат напреварите во Супер лигата.

На стартот на втората фаза од плејофот, во осмата рунда „гладијаторите“ дома го пречекуваат скопски Бутел. Со оглед на тоа што салата „Билјанини извори“ е претворена во пункт за вакцинација, натпреварот ќе се одигра во салата „Тодор Александров“ во Велгошти, од 14:00 часот.

По седум одиграни кола, „гладијаторите“ се петти на табелата со осум бодови. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука