Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

ООУ „Христо Узунов“ го прославува својот Патронен празник

Охрид, 24. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Денес, 24-ти април, ООУ „Христо Узунов“ од Охрид го прославува својот Патронен празник.

Во рамките на прославата, вработените и учениците положија свежо цвеќе и се поклонија пред бистата на Христо Узунов.

– Со сите протоколи кои соодветствуваат на актуелната состојба, беше одржан и историски час, на кој се зборуваше за ликот и делото на херојот. Воедно директорката Оливија Пирузева Јанева ги додели наградите на Првенецот на генерација – Наталија Танеска и пофалените ученици на генерација – Марија Зороска, Атина Рувинова, Ана Јорданоска и Бојана Цветкоска. Доделени беа и наградите кои учениците ги добија за творбите доставени за литературно – ликовниот конкурс по повод Патрониот празник, на тема „Со сјај во очите и насмевка под маските, до срцата да допреме“. Во склад со протоколите, учениците од 9-то одделение под раководство на наставничката по македонски јазик Христина Наумоска, учениците од одделенска настава под раководство на одделенската наставничка Васка Палоска и наставниците по музичко образование Бојан Лушкоски и Славчо Китаноски, со хорот на училиштето, подготвија и пригодна програма, со која го одбележаа денот на своето училиште, а за јавноста ја прикажуваат преку електронски пат. Традиционално, од печат излезе и нов број на училишниот весник „Илинденска искра“, кој го уреди наставничката по македонски јазик Маја Ристеска, информираат од училиштето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука