Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Легендарните Morcheeba ја обработија песната „The Moon“ на хрватската пејачка Irena Žilić

Загреб, 26. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Легендарните Morcheeba ја обработија песната „The Moon“ на хрватската пејачка Irena Žilić, што е големо признание за хрватската независна музичка сцена.

– Поврзаноста со Morcheeba кај мене буди навистина прекрасни искуства, па затоа се чувствувам уште подобро што сум дел од оваа приказна. Невозможно е да не ми биде чест што нешто од мојата дискографија им оставило доволно впечаток за да донесат одлука да снимат сопствен ковер и да го објават и како сингл и како дел од нивниот претстоен албум, рече Irena.

Таа беше дел од пратечкиот бенд на турнејата на Morcheeba во Англија и Италија во 2018 година, но нивното пријателство датира уште во 2016 година, кога таа настапи на нивниот концерт во Загреб. Skye Edwards и Ross Godfrey од Morcheeba не кријат колку им се допаѓа музиката на Ирена.

– Irena беше дел од нашата предгрупа неколку пати кога свиревме во Хрватска. Ние сме големи обожаватели на нејзината музика. Ross предложи да снимиме една од нејзините песни. Кога и да ја изведеше, Ross ќе речеше дека звучи како песна на Morcheeba. Песната ќе се најде и на нашиот нов албум, рече Skye, пејачката на Morcheeba.

Irena Žilić objavila novi singl “Tremors” i najavila novi EP! – Music Box – Glazbeni portal

Ова е секако еден од најголемите глобални успеси на некој хрватски музичар и заслужено признание за Irena Žilić. Песната „The Moon“ првично беше објавена на вториот студиски албум на Irena „Haze“ од 2017 година, за кој беше номинирана за музичкаta награда Порин. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука