COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охрид се простува со наставничката Розе Работовска која ја загуби битката со COVID-19

Охрид, 26. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Вработените од ООУ „Ванчо Николески“ од Лескоец денес се простуваат од својата драга колешка Розе Работовска, која го загуби животот после долгата и немилосрдна битка со COVID-19.

– Розе беше наставник кој си ја сакаше својата работа, голем ентузијаст, секогаш насмеана, подготвена да помогне и да се радува на животот. Умееше од секоја ситуација да ги извлекува само добрите работи и никогаш да не покажува дека животот и не е толку лесен. Борец до крај! Нејзиниот ведар дух влеваше позитивна енергија каде и да се појавеше, а нејзината мајчинска топлина се чувствуваше во секој совет што несебично го споделуваше. Изгубивме драга колешка, пријател, соработник, добар другар и храбар човек. Заминувањето од Розе ќе остави голема празнина во нашиот колектив, но секогаш ќе се сеќаваме на нејзината ведрина, на нејзината насмевка и на нејзината силна желба за живот и радост, велат нејзините колеги.

Розе Работовска беше наставник по биологија, хемија и природни науки. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука