Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

ОСУ „Св. Климент Охридски“ распиша оглас за запишување ученици во I година во учебната 2021/2022 година

Охрид, 26. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Врз основа на Законот за средно образование и Конкурсот за запишување на ученици во јавните средни училишта во учебната 2021/2022 година од Министерството за образование и наука на Република Македонија, Училишната комисија за запишување на ученици во Општинското средно училиште „Св. Климент Охридски“ од Охрид, распишува Интерен оглас за спроведување на Конкурсот за запишување ученици во I година во учебната 2021/2022 година.

I. БРОЈ НА УЧЕНИЧКИ МЕСТА ПО ВИД НА ОБРАЗОВАНИЕ
Во I година во првото пријавување во ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид ќе се запишат 272 ученици во 8 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за
–  гимназиско образование – 272 ученици, 8 паралелки, 60 миниумум поени
• јазично-уметничко подрачје (комбинација А)
• јазично-уметничко подрачје (комбинација Б)
• општествено-хуманистичко подрачје (комбинација А)
• општествено-хуманистичко подрачје (комбинација Б)
• природно-математичко подрачје (комбинација А)
• природно-математичко подрачје (комбинација Б)

II. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
Услови за запишување на учениците се:

  • да имаат завршено основно образование;
  • да не се постари од 17 години
  • да се определиле за план и програма за гимназиско образование
  • да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој оглас

III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
– пријава за запишување (пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето и истата е бесплатна);
– оригинални сведителства од VI до IX одделение;
– дипломи (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија , географија и историја;
– извод од матичната книга на родните(без оглед на датумот на издавање).

Учениците кои го завршиле основното образование или дел од него во странство треба да достават нострифицирани документи. Учениците кои се запишуваат за вториот странски јазик се определуваат помеѓу францускиот, германскиот и италијанскиот јазик, а првиот странски јазик е англискиот јазик.

IV. КОНКУРСНИ РОКОВИ
Пријавувањето во јунскиот уписен рок ќе се врши на 14, 15, 16 и 17 јуни 2021 година, а резултатите од запишаните и слободните места ќе бидат објавени на 17 јуни 2021 година.

Пријавувањето треба да се врши лично од ученикот или родителот, односно старателот.

V. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР
Критериуми за избор на ученици се:

  • среден успех на ученикот од VI до IX одделение. По овој критериум ученикот може да добие најмногу 50 поени.
  • среден успех на ученикот постинат по четири предмети од значење за подрачјето. По овој критериум ученикот може да добие најмногу 20 поени.
    • јазично-уметничко А и Б, општествено-хуманистичко А и Б (мајчин јазик, странски јазик, математика, историја)
    • природно-математичко А (мајчин јазик, странски јазик, математика, физика)
    • природно-математичко Б (мајчин јазик, странски јазик, математика, биологија)
  • дипломи од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија , географија и историја. По овој критериум ученикот може да добие најмногу 5 поени.
  • средена вредност на поени добиени за поведение. По овој критериум ученикот може да добие најмногу 5 поени.
    Ученикот по сите критериуми утврдени со овој оглас може да добие најмногу 80 поени. За да се запишат учениците во ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид треба да има освоено по сите критериуми најмалку 60 поени . Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат во средното училиште ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно огласот.
  • НАПОМЕНА:
    Учениците кои нема да бидат примени, треба лично да ги подигнат документите, во рок од 48 часа објавувањето на ранг листата. Доколку документите не ги подигнат кандидатите Училиштето истите ги враќа по пошта препорачано.извор: ОСУ „Св. Климент Охридски“ фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука