Избор Локална самоуправа ТОП ВЕСТИ

Можни повремени застои во сообраќајот на улицата „15-ти корпус“

Охрид, 29. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Поради изведување на градежни активности на улицата „15-ти корпус“ денеска ќе има отежнат тек на сообраќајот, а можни се и повремени застои, информираат од општина Охрид.

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат според соодветната сигнализација со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот. Се препорачува, доколку е можно и да се избегне овој дел за сообраќај додека траат градежните активности. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука