Здравје Избор Локална самоуправа ТОП ВЕСТИ

Водата во село Косел забранета за пиење

Охрид, 29. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Забранета е за пиење водата во охридското село Косел.

– Се информираат жителите на село Косел дека со Решение на Агенцијата за храна и ветеринарство, поради загаденост се забранува водата за пиење. Агенцијата ја задолжува Месната Заедница од село Косел да обезбеди хлорирање на водата од 0,2 до 0,5 мг./л, информираат од општина Охрид.

До обезбедување на безбедна вода за пиење истата да се преврива 30-40 минути. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука