Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Струга ТОП ВЕСТИ

Милески: Тим македонски инженери ќе работи на развој на софтверски решенија за производите на „Тесла“

Струга, 30. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Сопственик на компанија за софтвер од Струга кој има бизнис и во Германија стана стратешки партнер на еден од најбогатите луѓе на светот Илон Маск, кој освен познатата компанија „Тесла“ води уште неколку компании кои се сметаат за револуционерни во своите области.

Стружанецот Роберт Милески денеска ја објави веста со каква можат да се пофалат само малку компании во светот. Неговата компанија Introcode стана стратешки партнер на „Тесла“. Отсега софтвер Made in Macedonia во нивните производи и во една од технолошки најнапредните компании во светот.

– Склучивме договор за стратешко партнерство со „Тесла“. Нашиот тим македонски инженери ќе работи на развој на софтверски решенија за производите на „Тесла“ и за интерната работа на нивните фабрики. Еден дел е нивно меѓусебно поврзување, вели Милески за Супер радио и OhridPress.

Додава дека не може да открива повеќе детали заради договорот за индустриска тајна. (Крај)

извор: expres.mk/OhridPress фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука