COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Во чест на Велигден, вечерва Македонија без полициски час

Скопје/Охрид, 1. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Со одлука на Владата на Република Македонија, а по предлог на Комисијата за заразни болести, полицискиот час нема да важи вечерва, ноќта меѓу 1-ви и 2-ри мај во чест на најголемиот христијански празник Велигден.

Забраната за движење останува на сила во останатите денови, и според последната одлука ќе почнува еден час подоцна, во 21:00. Истата одлука ќе важи и за празникот Бајрам, односно и ноќта меѓу 12-ти и 13-ти мај.

Според Министерството за здравство, бранот полека стивнува, се’ помал е бројот на заболени, а попушта и притисокот за прием во болниците. Според официјалните бројки, во текот на последните 24 часа се направени 2.820 тестирања, при што се регистрирани 365 нови случаи на COVID-19. Во Охрид се пријавени 9 новозаболени и 12 оздравени лица, а во локалниот ковид центар во моментов се хоспитализирани 75 пациенти. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука