Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Тиктокерот Душан во хотелот „Аквалина“ во Охрид го сними спотот за својата прва студиска песна „Нема дилема“

Охрид, 1. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Македонската Тикток ѕвезда и Инстаграм инфлуенсер Душан Пауновски, познат кај помладите како whoisdushan, на неговиот YouTube канал ја објави својата прва студиска песна „Нема дилема“.

Станува збор за балада за која Душан вели дека очекува да ги освои женските срца.

Ова е прва студиска песна на Душан по најуспешната Тикток песна за 2020 година „Само да си знаете пред време“, која беше голем хит на Тикток.

Спотот за „Нема дилема“ е сниман на три локации во Охрид, меѓу кои и во луксузниот хотел „Аквалина“. Автор на спотот е Зати, а продукцијата на Mecka Warrior Production. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука