Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Охриѓанец пронајден мртов во автомобил на паркинг кај „Горна Порта“

Охрид, 1. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 30-ти април 2021 година, во 20:10 часот во СВР Охрид пријавено е дека во автомобил на паркинг во близина на „Горна Порта“ во Охрид е пронајдено починато лице.

– Од извршениот увид констатирано е дека станува збор за 55-годишниот М.Ј. од Охрид, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. По насоки на јавен обвинител, телото е предадено на семејството, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука