Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Полицијата пронајде хероин кај жител на струшко Велешта

Струга, 2. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – На први мај 2021 година, во 16:10 часот, полициски службеници од ОВР Струга го приведоа 33-годишниот Ф.Ш. од струшкото село Велешта.

– При преглед на патнички автомобил марка „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, извршен на улицата „Боро Калајџиески“ во Струга, во кое тој бил сопатник, кај него бил пронајден и одземен хероин. По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе кривична пријава според членот 215 од Кривичниот законик, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука