COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

105 нови случаи на COVID-19, 2 новозаболени и 3 починати лица од Охрид

Скопје, 2. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 946 тестирања, при што се регистрирани 105 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

-Скопје 55
-Битола 15
-Тетово 9
-Струмица 6
-Куманово и Кавадарци по 3
-Велес и Охрид по 2
-Прилеп, Гостивар, Штип, Кочани, Кичево, Неготино, Ресен, Дебар, Пробиштип и Македонска Каменица по 1

Пријавени се вкупно 45 починати лица: 14 од Скопје (51, 58, 65, 68, 69, 70, 70, 70, 73, 76, 81, 81, 81 и 83 години), 5 лица од Прилеп (42, 61, 63, 64 и 76 години), 4 лица од Куманово (71, 77, 78 и 88 години) по 3 лица од Битола (44, 68 и 70 години), Гостивар (51, 60 и 75 години) и Охрид (62, 74 и 77 години), по 2 лица од Тетово (63 и 71 години), Свети Николе (57 и 71 години) и Струга (69 и 79 години) и по едно починато лице од Кочани (82 години), Велес (34 години), Струмица (80 години), Радовиш (93 години), Берово (70 години), Богданци (72 години) и Неготино (83 години). Три пациенти се починати во домашни услови, а останатите 42 се починати во болнички услови, меѓу нив се пријавени 20 пациенти починати во период од 29-ти март до 3-ти април 2021 година.

Регистрирани се 403 оздравени пациенти од:

-Скопје 162
-Куманово 42
-Прилеп 33
-Битола 30
-Штип и Кочани по 22
-Тетово 18
-Велес 17
-Струмица 12
-Гостивар и Гевгелија по 6
-Радовиш 4
-Кичево, Пробиштип, Свети Николе, Валандово и Кратово по 3
-Ресен, Струга, Берово, Виница и Богданци по 2
-Кавадарци, Крушево, Пехчево и Дојран по 1

Досега во земјата се направени вкупно 724.668 тестирања на COVID-19.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.685, бројката на оздравени пациенти е 133.473, на починати е 4.936, а бројот на активни случаи изнесува 14.276. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука