ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Починато женско лице пронајдено во викендичка на стариот пат Струга-Охрид

Охрид, 3. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во викенд куќа на стариот пат Охрид-Струга, денес е пронајдено безживотно тело на жена.

Екипи на полицијата вршат увид на местото на настанот, по што ќе бидат соопштени повеќе детали.

Првичните непотврдени информации укажуваат дека се работи за женско лице на возраст од триесеттина години, а телото е пронајдено во објект во близина на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука