Избор Струга ТОП ВЕСТИ

Струга ќе добие три пристаништа до крајот на годинава

Струга, 3. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Струга треба да добие три пристаништа до крајот на годинава, со што ќе започне да се реализира долго најавуваната идеја за воспоставување бродска линија меѓу Струга, Охрид и Поградец во соседна Албанија.

Едното пристаниште ќе биде на сливот на реката Дрим, кај хотелот Дрим, а во план се уште две пристаништа – едно кај хотелите „Бисер“ и „Изгрев“ и едно кај „Езерски лозја“.

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за DW најавува дека е во план да се набават и два брода со сончеви колектори, коишто нема да го загадуваат езерото.

– Веќе сме во фаза на одобрување на проектот, кој ги помина сите фази. До крајот на годинава се надеваме дека ќе започне и реализацијата на проектот, вели Мерко.

Охрид, Струга и Поградец треба да се поврзат со редовна бродска линија низ Охридското Езеро во рамки на програмата за прекугранична соработка на Република Македонија и Република Албанија, преку Инструментот за претпристапна помош ИПА 2. (Крај)

извор: DW фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука