ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

СВР Охрид: Во куќа кај болницата „Св. Еразмо“ со повреди на главата е пронајдена мртва 35-годишната М.М.

Охрид, 3. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 3-ти мај 2021 година, во 08:20 часот во СВР Охрид, С.Д. пријавил дека во куќа во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид ја пронашол почината 35-годишната М.М. од Охрид, со која живеел заедно во куќата.

– Лекар од Итна медицинска помош констатирал дека починатата имала повреда на главата, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука