COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Д-р Балески: Ако продолжи намалувањето на хоспитализации, ковид одделенијата ќе се вратат во нормална патологија

Охрид, 4. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Стабилна е состојбата во охридската Општа болница, има намалување на бројот на хоспитализации, како и на амбулантски прегледи и потрошувачката на кислород, изјави директорот д-р Горан Балески.

Моментално се хоспитализирани 70 пациенти, од кои 40-на на кислородна поддршка. Најмладиот пациент има околу 50 години, највозрасниот 85 години.

Д-р Балески потенцира дека ако продолжи ваквиот тренд болницата ќе почне да се врати на нормално работење, односно одделенијата што беа претворени во ковид центри ќе се вратат во нормална патологија.

Во Охрид моментално има 453 активни случаи на COVID-19, а од денеска започна и масовната имунизација во регионалниот вакцинален пункт во спортската сала „Билјанини извори“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука