ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

А1он: Жената која беше пронајдена мртва во Охрид имала прострелна рана, во објектот било пронајдено оружје

Скопје, 5. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Жената која беше пронајдена мртва во Охрид имала прострелна рана, дознава порталот А1он.

Според информациите, во објектот кој се наоѓа на стариот пат Охрид-Струга било пронајдено и оружје. Од Обвинителството за порталот велат дека во континуитет се работи на расчистување на случајот и прибирање на потребни податоци за настанот.

– По насока на јавниот обвинител обезбедени се и прибрани траги од самото место на настанот и дадени се на натамошно вештачење. Воедно, издадени се наредби за вршење на потребни анализи, испитување на ДНА, како и папиларни линии на оружјето и за вршење обдукција на телото на починатата. Едновремено, во континуитет се прибираат податоци потребни за расветлување на настанот. Обвинителството го очекува пристигнувањето на побараните извештаи од вештачењата и анализите, велат од Обвинителството за „А1он“.

Текстот во целост на „А1он“

извор: А1он фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука