Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Планинската спасителна служба интервенираше кај Коњско, две лица со ATV возило паднаа во провалија длабока десетина метри

Охрид, 7. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Оперативниот центар на Планинската спасителна служба (ПСС), денес околу 11:15 часот беше алармиран од група домашни туристи, кои со изнајмени ATV возила изведувале авантуристичка Off Road тура, при што едно возило со двајца патници излетало од патот и се превртело во провалија длабока десетина метри.

– Екипа од ПСС веднаш се упати на терен, а оперативниот центар ги извести СВР Охрид и Итната медицинска помош. Тимот на ПСС во 11:30 часот пристигна на место на несреќата, каде врз две лица (машко и женско), и двете со политрауми, им беше укажана прва помош и согласно протоколот за ваков вид интервенции истите беа целосно имобилизирани и со теренско возило транспортирани до возилата на Итната помош, кои чекаа на најблиската пристапна точка. Во 12:10 часот двете повредени лица беа предадени на ИМП и пренесени на понатамошен болнички третман, информираат од Планинската спасителна служба. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ПСС

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука