Економија Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Поскапуваат бензините и дизелот

Скопје/Охрид, 10. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од ноќеска на полноќ нови, повисоки, цени на нафтените деривати.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95 поскапува за 1,50 денари, а Еуросупер БС-98, Еуродизел (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за еден денар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,800 ден/кг.

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 68,50 денари/литар
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 70 денари/литар
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 60 денари/литар
  • Масло за горење – Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 59,50 денари/литар
  • Мазут М-1 НС – 35,243 денари/килограм. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука