COVID-19 Здравје Избор ТОП ВЕСТИ Хроника

Парични казни за 14 лица од Охрид и 1 од Струга поради неносење заштитни маски

Охрид, 10. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Според статистичките податоци на МВР, во текот на изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 28 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид 14, Струга 1, Кичево 12 и Дебар 1).

– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19. Во овој период, во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршени се 39 контроли по угостителски и други објекти (Струга 6 и Кичево 33), информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука