COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

25 нови случаи на COVID-19, во Охрид нема новозаболени, регистрирано 1 починато и 25 оздравени лица

Скопје, 10. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 1.016 тестирања, при што се регистрирани 25 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

-Скопје 15
-Куманово 4
-Прилеп, Тетово, Гостивар, Кичево, Берово и Виница по 1

Пријавени се вкупно 16 починати лица: 6 од Скопје (61 , 65, 71, 74, 76 и 80 години), 2 лица од Тетово (69 и 82 години) и по 1 починато лице од Битола (85 години), Охрид (79 години), Куманово (55 години), Кавадарци (83 години), Гостивар (77 години), Кичево (72 години), Радовиш (62 години) и Делчево (72 години).

Регистрирани се 408 оздравени пациенти од:

-Скопје 160
-Прилеп 38
-Струмица 30
-Битола 28
-Охрид 25
-Куманово 15
-Штип и Струга по 13
-Велес, Кавадарци и Кочани по 9
-Свети Николе 8
-Виница 6
-Гевгелија и Неготино по 5
-Тетово, Гостивар и Дојран по 4
-Крива Паланка, Дебар, Богданци и Македонски Брод по 3
-Кичево, Пробиштип, Крушево и Пехчево по 2
-Радовиш, Делчево и Демир Хисар по 1

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.051, бројката на оздравени пациенти е 138.370, на починати е 5.109, а бројот на активни случаи изнесува 10.572. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука