Мелбурн, 29. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Британскиот тенисер Енди Мареј по четврти пат во својата кариера обезбеди пласман во финалето на Australian open.
Мареј денеска по три и пол часовна борба и четири одиграни сета успеа да го скрши отпорот на разиграниот Томаш Бердих со 6-7,6-0,6-3,7-5.
За шкотланѓанецот ова е осмо финале на грен-слем турнирите а негов противник ќе биде подобриот од утрешниот втор полуфинален меч помеѓу првиот рекет во светот Новак Ѓоковиќ и швајцарецот Станислас Вавринка.(Крај)
извор: Спорт ТА фото:архива
Прочитано: 28