Избор Култура

Најавено годинешното издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри

Охрид, 15. мај 2015 (ОХРИДПРЕС) – НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид го најави годинешното издание на Балканскиот фестивал на Народни песни и игри, кој годинава ќе се одржи по 54-ти пат.

Фестивалските денови ќе бидат од 6-ти до 11-ти јули.

Балканскиот фестивал на народни песни е најстарата фолклорна манифестација на Балканот, на која се афирмираат културните достоинства на народите. Во изминатите 5 декади на фестивалот биле презентирани повеќе од 50 000 пејачи, играорци, и инструменталисти од Македонија, Албанија, Бугарија, Србија, Грција, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Романија, Турција, Кипар, но и пошироко од Балканот, како Италија, Франција, Шпанија, Холандија, Германија, Русија, Молдавија, Данска, Финска, Мексико, САД, Коста Рика, Канада и многу други.

Во рамките на фестивалот се одржуваат и изложби, кои секогаш биле блиски на ориентацијата на фестивалот.

Деталите за годинешното издание на фестивалот ќе бидат изнесени наскоро. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави