Охридските фудбалери утре гостуваат кај Тетекс
Охрид, 14. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерите на Охрид Лихнидос утре во гости ги финишираат натпреварите во Втората македонска фудбалска лига-запад.
Гостуваат во Тетово кај екипата на Тетекс, а натпреварот е со почеток во 16:00 часот.
Според моменталната состојба на табелата „рибарите“ се на втората позиција со 46 бодови, идентично со екипата на Велешта. Па, така на претстојниот натпревар атакуваат на победа за да ја задржат втората позиција која води кон баражот за влез во Првата македонска фудбалска лига. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |