COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

83 нови случаи на COVID-19, 6 новозаболени и 1 оздравено лице од Охрид

Скопје, 18. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 2.704 тестирања, при што се регистрирани 83 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

-Скопје 40
-Прилеп 8
-Куманово и Охрид по 6
-Тетово и Радовиш по 5
-Битола 3
-Струга и Кичево по 2
-Кавадарци, Струмица, Свети Николе, Берово, Демир Хисар и Пехчево по 1

Пријавени се вкупно 2 починати лица: 1 лице од Скопје (67 години) и 1 лице од Кавадарци (80 години).

Регистрирани се 259 оздравени пациенти од:

-Скопје 128
-Куманово 25
-Битола 21
-Тетово и Струмица по 10
-Виница 9
-Прилеп 8
-Штип 7
-Кичево 6
-Велес 5
-Гостивар 4
-Ресен, Радовиш и Дебар по 3
-Кавадарци, Кочани, Гевгелија, Неготино, Берово и Пробиштип по 2
-Охрид, Свети Николе, Крива Паланка, Богданци и Демир Хисар по 1

Досега во земјата се направени вкупно 760.498 тестирања на COVID-19.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.804, бројката на оздравени пациенти е 146.302, на починати е 5.232, а бројот на активни случаи изнесува 3.270. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука