COVID-19 Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Полицискиот час останува на сила до 1-ви јуни

Скопје, 18. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Владата на Република Македонија на денешната седница донесе одлука да нема промена кај актуелните мерки за спречување на ширењето на COVID-19 до први јуни.

Уште две недели останува на сила полицискиот час од полноќ до 04:00 часот наутро, а работното време на угостителите ќе биде до 23:30 часот.

Предлогот за олабавување на мерките беше донесен минатиот понеделник, врз основа на епидемиолошката состојба, односно намалениот број новозаразени и ослободувањето на поголем дел од болничките капацитети. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука