Избор Македонија Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Хуманитарна велосипедска тура околу Охридското Езеро

Охрид, 18. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во недела, на 23-ти мај ќе се одржи голема хуманитарна велосипедска тура околу Охридското Езеро, долга полни 92 километри.

– Бидете и Вие дел од овој хуманитарен настан. Приклучете се и Вие заедно да им помогнеме на децата и младите поддржани од СОС Детско село. Ние ќе возиме, Вие донирајте на следниот линк: https://sos.org.mk/bidihuman/. Бидејќи сите деца се наши деца, порачуваат организаторите.

Додаваат дека македонските велосипедисти (Macedonian Bike Riders) ќе возат за децата згрижени во СОС Детско село.

– После долго време социјална дистанца, 60 деца без родителска грижа посакуваат летен одмор во Струга. Ајде заедно да помогнеме. Тие возат, а ти донирај. Лесно е да чиниш добро, кога многумина помагаат, потенцираат организатрите на турата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука