ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ Хроника

Трагедија го потресе македонскиот ракомет: Во Охридското Езеро се удави репрезентативниот голман Никола Даниловски

Охрид, 29. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Огромна трагедија го потресе утрово Охрид и ракометна Македонија. Под засега непознати околности, кои во моментов се истражувани од охридската полиција, животот го загуби голманот на РК Охрид и македонски репрезентативец 26-годишниот Никола Даниловски.

Безживотното тело на младиот спортист е пронајдено денеска во водите на Охридското Езеро, а како што информираат од охридската полиција, на телото немало траги од насилство. Според информациите од охридската полиција, тој се водел за исчезнат од синоќа, а по него интензивно ноќва трагале полицијата како и неговите соиграчи и блиски пријатели. Безживотното тело било пронајдено денеска во туристичката населба „Лагадин“ во близина на Охрид, јави порталот ekipa.mk.

Поради трагичната смрт на младиот голман, одложен е вечерашниот меч од Суперлигата во ракометната лига на Македонија, меѓу Охрид и Струга.

Даниловски изминативе години беше постојано на репрезентативните списоци на Данило Брестовац и Кире Лазаров, а во својата кариера покрај за Охрид претходно бранеше и за Металург и за Еурофарм Пелистер. (Крај)

извор: ekipa.mk фото: ekipa.mk

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука