Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Отворена изложбата „Денови на македонска фотографија“

Охрид, 30. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид и „Фото сојуз на Македонија“, синоќа, по пауза од пет години, повторно во Охрид беше отворена изложбата „Денови на македонска фотографија“.

„Фото сојуз на Македонија“ е најстарата и најмасовна организација во областа на фотографијата. Оваа година го слави 75 годишното постоење како неодминлив дел на македонската култура и историја. Во изминативе 59 години Фото сојуз на Македонија ја организира манифестацијата „Денови на македонска фотографија“, која претставува резиме на македонското фотографско творештво во тековната година и е најстара фотографска манифестација во Република Македонија.

Изложбата беше отворена синоќа во Изложбениот салон при НУ центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Ќе трае до 10-ти јуни 2021 година и е во согласност со сите здравствени мерки и протоколи за заштита од COVID-19. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: FB Ljupco Paunkoski

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука