Денес ново „езерско“ дерби за охридските ракометари
Охрид, 1.јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Охридските ракометари денеска ќе го одиграат „езерското“ дерби со Струга во рамки на плејофот, натпревар што беше одложен поради трагичната смрт на репрезентативниот голман и нивни соиграч, Никола Даниловски.
„Гладијаторите“ во рамки на 13-то коло играат на домашен терен, во салата „Тодор Александров“, од 19:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |