Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Претставата „Сопружници“ утре во чест на 10 години Народен Театар Охрид

Охрид, 2. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од активностите за прославување на 10 години Народен Театар Охрид, на репертоарот утре со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена претставата „Сопружници“ во режија на Драгана Таневска.

– „Сопружници“ претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите, вели режисерката Таневска.

Во претставата играат: Ивица Цонев како Гејб, Елизабета Стефановска во улогата на Џуди, Никола Тодороски како Џек, Адријана Билаловиќ- Тодороска како Сали и Филип Кипровски како Мајкл.

Организаторите најавуваат дека претставата ќе се игра согласно сите важечки здраветвени протоколи за заштита од COVID-19. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука