Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Каролина Гочева ја објави новата песна „Идила“ со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски (Видео)

Скопје, 3. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Една од најпопуларните македонски пејачки, Каролина Гочева синоќа за прв пат на својот Facebook профил ја објави новата песна „Идила“.

Станува збор за првата од единаесетте песни, кои ќе бидат преработки на стари хитови на едни од најубавите подзаборавени композиции, чии оригинални автори се најпознатите и најзначајни имиња во македонската забавна и џез-музика: Драган Ѓаконовски- Шпато, Љубомир Бранѓолица, Димитар Масевски, Тодор Бојаџиев и др. Песните ќе бидат дел од нејзиниот нов албум, кој се очекува да биде објавен во септември.

Композитор на песната „Идила“ е Драган Ѓаконовски- Шпато, пијано и аранжман Дуке Бојаџиев, а на кларинет е Исмаил Лумановски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука