Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Со изведба на претставата „Сопружници“, Народен Театар Охрид прославува 10 години постоење

Охрид, 3. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Со изведба на претставата „Сопружници“ во режија на Драгана Таневска, охридскиот Народен Театар денеска прославува 10 години постоење.

– „Сопружници“ претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите, вели режисерката Таневска.

Во претставата играат: Ивица Цонев како Гејб, Елизабета Стефановска во улогата на Џуди, Никола Тодороски како Џек, Адријана Билаловиќ- Тодороска како Сали и Филип Кипровски како Мајкл.

Организаторите најавуваат дека претставата ќе се игра согласно сите важечки здраветвени протоколи за заштита од COVID-19. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука