Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридскиот театар одбележува една деценија постоење, кон средина на месецов ќе има нова премиера

Охрид, 3. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Народниот театар Охрид денес слави една деценија од своето постоење.

Во оваа форма, како Национална установа во рамки на Центарот за култура опстојува од 2011 година, по долгогодишни иницијативи во Охрид да се возобнови професионалниот театар. Охриѓани со радост се сеќаваат на премиерите на охридскиот градски градски театар, во 50-те години на минатиот век кога актерската екипа од 15 млади луѓе со голем ентузијазам и елан внесувале нов дух во градот.

Возобновувањето на театарскиот живот во Охрид има историска димензија, не само за охриѓани и за тимот актери туку и за љубителите на театарот. Огромно е задоволството да се застане на штиците што живот значат.

Можно е да е слика од 4 луѓе и внатре

Во овие десет години се продуцирани 32 премиери, бројни гостувања на повеќе фестивали. Прва беше „Метаморфози“ во режија на Андреј Цветаноски.

Пандемијата се одрази негативно во сите сфери, така и кај нас, се изборивме некако, а на почетокот на годинава, на 13-ти март, имавме и една премиера од сопствена продукција, „Сирано“, во режија на Ѓорѓи Ризески, изјави за Супер радио и OhridPress директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“, Горан Симоноски.

– Добивме два проекти годинава од министерството за култура, „Крик за љубов“ на Љупчо Георгиески и „Дух“ во режија на Сашо Миленкоски и текст на Дејан Дукоски. Планираме една премиера околу 16-ти и 18-ти јуни и со таа претстава ќе учествуваме и на фестивалот „Охридско лето“, вели Симоноски.

По повод десеттиот роденден, вечерва од 20:00 часот ќе биде изведена претставата „Сопружници“ во режија на Драгана Таневска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука