Спорт

Петто издание на Атлетската манифестација „Охрид трчат“

Охрид, 6. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – На градските улици во Охрид, по јубилеен петти пат, денеска ќе се одржи Атлетската манифестација „Охрид трчат“.

– Упатуваме апел до сите граѓани, жители на улиците, дистрибутери, туристичките работници, гости, такси компании, за почитување на времениот режим на сообраќај, кој на сила ќе биде в недела (6-ти јуни) во периодот од 07:30 до 11:00 часот. Охрид е „Охрид трчат“ и „Охрид трчат“ е Охрид – со оваа визија Ве повикуваме сите заедно да покажеме почит и разбирање кон сите оние кои и во вакви услови одлучиле да дојдат, да трчаат и да уживаат во убавините на Охрид. Од срце им се заблагодаруваме на сите за разбирањето и повикуваат за почитување на насоките на редарите, судиите, волонтерите, сообраќајната полиција и сигнализацијата, информираат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука