ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Ритуалната златна маска и рака повторно изложени во „Златната соба“ во Музејот Куќа на Робевци

Охрид, 6. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Ритуалната златна маска и рака, како и сите прилози од гроб 132 од локалитетот „Горна Порта“ во Охрид, од денес повторно се изложени во „Златната соба“ во Музејот Куќа на Робевци.

– По завршувањето на ексклузивната меѓународна изложба „Сто години од Требенишката некропола“, која успешно беше претставена пред јавноста во Археолошкиот Музеј на Република Македонија, каде учество со свои артефакти имаа и Народниот Музеј од Белград и НАИМ при БАН од Софија, ритуалната златна маска и рака, како и сите прилози од гроб 132 од локалитетот „Горна Порта“ во Охрид, од денес повторно се изложени во „Златната соба“ во Музејот Куќа на Робевци, информираат од Завод и Музеј Охрид.

No photo description available.

No photo description available.

No photo description available.

No photo description available.

Додаваат дека сите заинтересирани може да ги погледнат стотиците археолошки и етнолошки артефакти кои се изложени во Куќата на Робевци во периодот од вторник до недела од 09:00 до 20:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Завод и Музеј Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука