Забава Избор ТОП ВЕСТИ

„Хоризонт“ е новиот сингл на бендот Lilit на охриѓанката Емилија Колоска (Видео)

Охрид, 7. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – По јануарската „Миризлива градина“, бендот Lilit во кој членува и охриѓанката Емилија Колоска се повторно актуелни со новиот сингл наречен „Хоризонт“.

– Звуци од нашата вселена. „Хоризонт“ е конечно тука. Овој пат во главна улога, момците од Lilit во фазонот кој најдобро го владеат. Пушти мисли, преслушај, сподели, напиша Емилија на нејзиниот профил на Facebook.

Покрај Емилија, дел од бендот Lilit се и Трајко Симоновски, Иван Петровски и Филип Димишковски.

Како режисер на спотор се појавува Тоше Јанев, а видео монтажата е на Трајко Симоновски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука