ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Лебедите остануваат најубавиот украс на Белото Езеро

Охрид, 7. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Младите лебеди, кои од ден на ден се се’ поголеми, секојдневно ги разубавуваат водите на Охридското Езеро.

Тие се веќе навикнати на луѓето и ја прифаќаат храната која им ја даваат најчесто најмладите. Вистинска атракција се по најатрактивниот дел на градот, по кејот на езерото, но и во каналот „Студенчишта“.

Лебедите се гнездат во периодот април-мај, а постарите во минатото паметат многу поголема бројност на овие прекрасни птици во охридскиот регион. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука