ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Голема количина градежен шут, метални канти, гуми, облека се влева од реките во Охридското Езеро

Охрид, 8. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Состојбата со вливот на реките во Охридското Езеро е алармантна. Овој проблем е одамна познат во пошироката јавност. Има присуство на големи количини отпад во форма на градежен шут, пластични шишиња, метални канти, автомобилски гуми, разна облека… 

Ова се резултатите од проектот „Подводна еко патрола” што го реализираа нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид.

Целта на овој проект беше да се детектираат вливовите на реките преку кои најмногу се загадува Охридското Езеро со цврст отпад. Беа опфатени четири реки: Черава, Грашница, Далјан и Сатеска.

Нуркачите од „Амфора“ оваа состојба ја евидентираа со подводно фотографирање и снимање, а изработија и карта со загадени зони (црни точки).

Можно е да е слика од 2 луѓе и body of water

Можно е да е слика од природа и текст кој вели „onwTиHa oxpиA DIVINGCENTER CENTER AMFORA OHRID MACEDONIA“

Бидејќи цврстиот отпад доаѓа во најразлични форми и габарит, потребно е сеопфатно решение на овој фундаментален проблем, а меѓународниот нуркачки инструктор Јован Секулоски дава неколку предлози за справување со овој проблем:

Можно е да е слика од body of water

Можно е да е слика од body of water

– Мрежна структура за зафаќање на отпадот која ќе се протега на ширината на вливовите, а потоа ќе се управува од копно или пловен објект.
– Кит за чистење реки – иновативно решение засновано врз принципот на колекторска мрежа чија цел е да го акумулира отпадот кој лебди или е полупотопен и функционира како природна брана.

Проектот е финансиран од општина Охрид, одделение за спорт. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: НК „Амфора“

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука