Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Македонската фудбалска репрезентација замина за Букурешт

Скопје, 8. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Со чартер-лет од скопскиот аеродром, македонската фудбалска репрезентација замина за романската престолнина Букурешт.

Репрезентацијата патува во комплетен состав, откако се добиени негативни тестови на коронавирус. На аеродромот ги испрати и премиерот Зоран Заев со желби за голем успех на континенталниот собир.

Можно е да е слика од 21 луѓе, луѓе кои стојат и внатре

Можно е да е слика од 1 лице и стоење

Можно е да е слика од 3 луѓе, луѓе кои стојат и авион

Селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски рече дека  екипата е максимално подготвена и не се плаши од ниту еден противник.

– Сите противници се анализирани, ништо не може да се скрие во денешно време. Фокусирани сме на зелениот терен, не се плашиме од никого. Покажавме дека можеме да се носиме со најсилните. Убеден сум дека ќе постигнеме позитивен резултат, рече селекторот.

Избраниците на Ангеловски последните пет дена од подготовките за настапот на Европското превенство ќе ги поминат во Букурешт, каде ќе ги одиграат првите два натпревара од континенталниот шампионат.

Ова е прв настап на Македонија на Европско првенство. „Црвено-жолтите“ се во Ц-групата. Според распоредот, на 13-ти јуни ќе играат со Австрија, а на 17-ти јуни се среќаваат со Украина. Последниот натпревар од групната фаза ќе го имаат со Холандија во Амстердам. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ФФМ

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука