Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Објавен повикoт за доделување ваучери за летување од 12.000 денари за работници со ниски приходи

Скопје, 8. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за економија денеска го објави јавниот повик за реализација на мерката- организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари.

Оваа мерка е во рамки на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 и предвидува издавање на потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари за лица со ниски примања за да истите ги користат во категоризираните угостителските објекти за сместување (хотели) лоцирани во туристичките центри во Република Македонија кои претходно се пријавени во министерство за економија.

За реализација на мерката се предвидени 15 милиони денари. Јавниот повик ќе трае до 30-ти јуни и до овој рок сите граѓани кои ги исполнуваат условите, односно немаат приходи повисоки од 30.000 денари ќе може да се пријават и да добијат ваучер. Потврдата за користење на средства за организиран одмор се издава по принципот „прв дојден прв услужен“, а може да се користи само од работникот на кого му е издадена, заедно со членовите на неговото потесно семејство кои се наведени во барањето.

Ваучерот за користење на средства за организиран одмор ќе може да се искористи најдоцна до 30-ти ноември 2021 година, во некој од угостителските објекти од листата на пријавени угостителски објекти за сместување, објавена на веб- страната на Министерство за економија

Оваа мерка има за цел да им овозможи на семејствата со ниски приходи, со поддршка на државата да го искористат правото на годишен одмор и, истовремено, да им се даде поддршка на хотелиерите и угостителите да работат со исполнети капацитети и надвор од туристичката сезона, со што го стимулираме развојот на домашниот туризам.

Јавниот повик и конкретните документи кои треба да се достават може да ги најдете на веб-страната на Министерството за економија на следниот линк: https://www.economy.gov.mk/doc/2974 (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука