Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Продолжува уривањето на бесправно изградените објекти на потегот кај плажата „Корали“ (Фото)

Охрид, 8. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Денеска продолжува акцијата за уривање на бесправно изградените објекти на потегот кај плажата „Корали“.

Уривањето кое на овој потег започна вчера, се одвива со тешка механизација која ги отстранува објектите и ги расчистува остатоците и инфраструктурата на плажата.

May be an image of outdoors

Со денешната акција продолжува расчистувањето на објектите на плажите, кое до неодамна беше најактивно пред Авто кампот „Елешец“ и плажата Atlantic Beach, односно претходно на плажите после хотелот „Метропол“.

Охридските плажи Куба Либре, Кадмо, Бела Виста, Канео и Потпеш од вчера се без напојување со електрична енергија. Овие плажи се опфатени со ГУП-от, но немаат договори за концесија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука